Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи очекува суперѕвездата Килијан Мбапе да потпише нов договор со „светците“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на 22-годишниот Французин истекува следната година, па неговата иднина е неизвесна и се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Меѓутоа, Келаифи е убеден дека Мбапе уште долго време ќе биде играч на ПСЖ.
„Килијан е фудбалер на ПСЖ и ќе продолжи да биде фудбалер на ПСЖ. Не сум загрижен. Мбапе е Французин и парижанец. Тој има договор со клубот и сака да остане, 100% сум сигурен во тоа“, изјави претседателот на ПСЖ.