Дома Фудбал Англија Премиерлигашка битка за потписот на Марко Ројс, кој има поголеми шанси?!

Премиерлигашка битка за потписот на Марко Ројс, кој има поголеми шанси?!

Тотенхем подготвува понуда за Марко Ројс, според информациите на Дејли Меил.

Како што се наведува, Ројс и Борусија Дортмунд се заглавени околу новиот договор, и тука Спарси ја гледаат својата шанса.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот на крилниот фудбалер истекува на крајот на следната сезона, па Милионерите би можеле да заработат се уште на неговата продажба.

Тотенхем планира да се вмеша во целата приказна и да му понуди на Ројс да пристигне во нивните редови.

Ројс имаше доста проблеми со повредите, но сега делува дека се враќа во форма. Тој дури се надева дека ќе одигра толку добро и дека ќе се најде на списокот патници за СП во Русија.

Но, Тотенхем не е единствениот клуб кој е заинтересиран за неговите услуги. Мундо Депортиво дури пишува дека Ливерпул е на пол позицијата за доведување на овој фудбалер. Секако, адутот на „Црвените“ е Јирген Клоп.

Покрај Тотенхем и Ливерпул, се споменува и Милан во трката. Ројс во оваа сезона одигра само 114 минути. Имаше долга пауза поради повреда на предните вкрстени лигаменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …