Дома Топ вести Пред само две ипол години беше ѕвезда во Премиер лигата, а денес оди на проба во Белгија

Пред само две ипол години беше ѕвезда во Премиер лигата, а денес оди на проба во Белгија

Саидо Берахињо буквално „пропадна“!

Пред две ипол години Стоук на ВБА и плати скоро 14 милиони евра. Изгледаше дека доби напаѓач способен да постигнува голови, но не беше така. Саидо Берахињо „пропадна“. За клубот од „Британија“ стадионот постигна само три гола и падна толку ниско никој да не го сака.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Така репрезентативецот на Бурунди стигна во Зулте Варагем. Белгијците му пружија рака за спас и му порачаа дека има две недели да ги убеди дека е вреден за потпис. Иако, е прашање дали тоа е истиот играч кој изгледаше сосема пристојно во ВБА под водство на Тони Пјулис. Тогаш се пишуваше дека Ливерпул, Тотенхем и Челзи се спремни да понудат 20 милиони евра за неговиот потпис.

Иако сега е дното на кариерата тренерот на Зулте, Френки Дури верува дека Берахињо може да се покаже.

„Агентите често пати нудат играчи, но им кажуваме дека не не интересираат. Меѓутоа еден ден добив СМС порака од менаџер кој ми го предолжи Берахињо. Квалитетен играч, има 130 премиерлигашки натпревари, пред две години вредеше 14 милиони евра, се се тоа позитивни работи“.

„Разговаравме еден час. Знае дека правел грешки во минатото. Нема да му поставувам 101 прашање за она што го правел. Живееме во свет каде што секој може да погреши. Садио сега започнува од нула и му посакувам да го тренирам во иднина. Всушност, тој не е толку стар и во август ќе наполни само 26 години“, изјави Дури.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…