Дома Фудбал Англија Пред 18 години беше негово прво засилување, а денес го наследи на тренерското столче

Пред 18 години беше негово прво засилување, а денес го наследи на тренерското столче

jokanovic ranieri

Тимот на Фулам денес го промени тренерот и на местото на Славиша Јокановиќ пристигнува Клаудио Раниери.

Денес клубот прво го објави пристигнувањето на Раниери, а дури потоа објавија дека Јокановиќ повеќе нема да биде тренер на клубот кој во овој момент се наоѓа на последната позиција на табелата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со отказот на Јокановиќ и доведувањето на Раниери режирана е една навистина интересна ситуација која ги поврузва и двајцата.

Имено, Раниери кога беше назначен за стратег на Челзи првото засилување кое го доведе во 2000 година беше токму Славиша Јокановиќ кого денес го наследи.

Италијанскиот стратег тогаш го доведе Јокановиќ од Шпанија од редовите на Депортиво Ла Коруња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…