Дома Фудбал Германија Преговорите помеѓу Алаба и Баерн повторно завршија со неуспех

Преговорите помеѓу Алаба и Баерн повторно завршија со неуспех

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба и Баерн Минхен повторно не успеаа да најдат договор за породолжување на соработката, тврдат германските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, менаџерот на Алаба, Пини Захави и челниците на Баерн минатата недела одржале нова рунда преговори, кои завршиле со неуспех. Ова е трета средба помеѓу двете страни која завршува без договор.

Баерн му понудил на Алаба нов четиригодишен договор според кој ќе заработува 320.000 евра неделно, но Захави бара 120.000 евра повеќе.

Договорот на Алаба со Баварците завршува на крајот на сезоната, а ситуацијата будно ја следат Манчестер Сити, Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …