Дома Топ вести Преговорите започнаа: Фабрегас пред трансфер на „Сан Сиро“

Преговорите започнаа: Фабрегас пред трансфер на „Сан Сиро“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за Цеск Фабрегас и дека веќе ги презел првите чекори за негов ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ имаат големи проблеми со повредени фудбалери, па во зимскиот преоден рок ќе мораат да го засилат тимот, особено средниот ред. Според медиумите една од главните трансфер цели на Милан ќе биде Цеск Фабрегас.

31- годишниот Шпанец подолг период се споменува како опција за Милан, а спортскиот директор на калчолигашот, Леонардо наводно е во постојан контакт со неговите агенти и веќе работи на трансферот.

Договорот на Фабрегас истекува на крајот на сезоната и сигурно нема да ја продолжи соработката со Челзи, па би можел да ја промени средината уште во јануари.

Милан е спремен да му понуди симболична сума на „сините“ со цел да го пуштат фудбалерот во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…