Дома Фудбал Англија Преговорите започнаа: Артета прв фаворит за кормилото на Арсенал (фото)

Преговорите започнаа: Артета прв фаворит за кормилото на Арсенал (фото)

Унаи Емери замина, проблемите останаа, а Арсенал се уште е во потрага по долгорочно решение за тренерското столче.

Англиските медиуми тврдат дека Микаел Артета е главен фаворит да биде нов менаџер на Арсенал иако се споменуваа имињата на Покетино и Карло Анчелоти. Артета моментално е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, и ова за него ќе биде враќање на „Емирати“ каде помина дел од својата кариера.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите на Острпвот успеаја да ги „уловат“ претставниците на Арсенал како го напуштаат домот на Микел Артета. Извршниот директор на Арсенал, Винаи Венкатешам заедно со клупскиот адвокат, Хус Фами цели два и пол часа се задржале во домот на Шпанецот.

„Скај Спорт“ пренесува дека Артета е прв фаворит за кормилото на Арсенал и наскоро се очекува официјализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …