Дома Фудбал Англија Првиот човек на Примера брутално удри: „ПСЖ уринираше во базен, а Нејмар по сите нас“

Првиот човек на Примера брутално удри: „ПСЖ уринираше во базен, а Нејмар по сите нас“

Првиот човек на шпанска Примера, Хавијер Тебас ги обвини ПСЖ и Манчестер Сити за „финансиски допинг“. Зборувајќи на еден фудбалски форум во Манчестер, Тебас порача дека овие клубови трошат средства кои им пристигнуваат надвор од фудбалот и дека некој мора да ги сопре.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Исмејување на системот в лице“, прокоментира Шпанецот за преминувањето на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра.

„Ги фативме ПСЖ како уринираат во базен, а Нејмар се качи на скокалница и оттаму уринираше по сите нас и тоа е неприфатливо“, додава Тебас.

Првиот човек на шпанската лига напомена дека не се само Парижаните оние кои ги прекршувале правилата.

„Не се работи тука само за „Светците“. И Манчестер Сити отворено го прекрпува фер-плејот. Затоа се мачам да обезбедам што поглеми средства од ТВ правата за шпанските екипи, бидејќи во спротивно „Граѓаните“ со своите нафтени компании ќе се обидат да ги купат сите фудбалери на светот“, заклучи Тебас.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…