Дома Македонски спорт Мак фудбал Прв македонски фудбалер позитивен на коронавирус

Прв македонски фудбалер позитивен на коронавирус

Изаир Емини е првиот македонски фудбалер кој е заразен со Ковид-19.

Медиумите во Косово каде што сега настапува Емини објавија дека неговиот тест на коронавирус бил позитивен.

Емини во сезоната 2014/2015 беше најдобар стрелец во македонското првенство како играч на Ренова. Како што се пишува тој нема симптоми и се наоѓа во самоизолација. Негов сегашен клуб е Дрита Гњилане.

Емини заедно со уште девет фудбалери од неговиот тим се тестирал во Аџибадем Сисистна во Скопје. Освен Ренова во Македонија Емини го носеше дресот и на Шкендија.

Ова е прв случај на македонски фудбалер со Ковид-19, претходно кога се спортистите во прашање беше заразен тренерот на борачите на Вардар Љубиша Пешко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…