Дома Фудбал Англија Прв коментар на Фергусон за доаѓањето на Тен Хаг во Јунајтед

Прв коментар на Фергусон за доаѓањето на Тен Хаг во Јунајтед

Eрик Тен Хаг ќе биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед од наредната, Ралф Рагник ќе ја одработи задачата до крајот на актуелната.

Од пензионирањето на Сер Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед често менува тренери и никако не успева да се врати на старите патеки. Неуспешни епизоди во Јунајтед имаа: Дејвид Мојс, Луис Ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тен Хаг кој во овој момент го води Ајакс важи за човек кој има целосна контрола над тимот, а медиумите пренесуваат дека таков бил и условот за да го преземе Манчестер Јунајтед. И легендарниот Фергусон смета дека токму тоа е нештото кое му е потребно на неговиот поранешен клуб.

„Искрено навистина се надевам дека ќе му оди добро на Тен Хаг. На Манчестер Јунајтед му е потребен човек кој ќе воспостави контрола, се надевам дека ќе успее во тоа“, кратко изјавил Фергусон за англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…