Дома Останати Почина О Џеј Симпсон, легенда на НФЛ лигата

Почина О Џеј Симпсон, легенда на НФЛ лигата

Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, О Џеј Симпсон, кој беше ослободен од обвинението за убиство во судењето во 1990-тите, почина на 76-годишна возраст.

Нему му се судеше аза двојно убиство – на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и на нејзиниот пријател Рон Голдман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Последните години од животот Симпсон, наводно, ги минал во борба со рак на простатата. Неговото здравје во последно време се влошило, иако уште во февруари „протекоа“ информации за болеста, но тој ги негираше.

За време на неговата кариера во НФЛ, тој ја носеше опремата на Бафало Билс и Сан Франциско Фортнајтерс, откако беше избран за прв пик на драфтот за НФЛ во 1969 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…