Дома Фудбал „Потпоп“ на Олд Трафорд: Јунајтед одамна не бил вака понижен?

„Потпоп“ на Олд Трафорд: Јунајтед одамна не бил вака понижен?

Манчестер Јунајтед е буквално декласиран од Тотенхем во првото полувреме од дербито на „Олд Трафорд“ (1:4).

Одлично започна мечот за „црвените ѓаволи“ и поведоа уште во 1-та минута со голот на Фернандеш, а потоа следеше „цунами“.

Само три минути подоцна Ндомбеле го израмни резултатот, а во 7-та минута „заспа“ одбраната на домаќините и Сон погоди за комплетен пресврт.

Во 28-та минута Марсијал заработи црвен картон откако го удри Ламела, а само две минути подоцна Кејн погоди за 1:3. До крајот на првиот дел Сон постигна уште еден гол и го продлабочи кошмарот на домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…