Дома Трансфер зона Потпиша нов договор со Барселона со клазула од милијарда евра, па замина на позајмица

Потпиша нов договор со Барселона со клазула од милијарда евра, па замина на позајмица

Барселона утрово објави дека Нико Гонзалес го продолжил договорот до 2026 година и дека неговата откупна клазула ќе изнесува милијарда евра.

Исто така, Каталонците потврдија дека Гонзалес една сезона ќе помина во Валенсија, иако позајмицата неп редвидува никаква опција за откуп. Значи, на младиот играч за врска сериозно сметаат во иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Целта е да се развива на „Местаља“ и да добие поголема минутажа бидејќи минатата сезона малку играше, а и во сегашната ситуација клубот не може да му гарантира повеќе минути од минатата сезона.

Нико се надева на минутажа кај Џенаро Гатузо, а Чави верува дека ќе се врати уште подобар.

„Се надевам дека ќе ни се врати уште подобар“, изјави стратегот на Барселона на вчерашната прес-конференција.

Џенаро Гатузо порача дека Нико е токму она што и треба на Валенсија, додека ниту самиот играч немаше ништо против преселба на „Местаља“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…