Првата Звезда на Челзи, Еден Азар нема да биде спремен за утрешниот натпревар на Челзи во Лигата на Европа кој „сините“ ќе го играат против ПАОК, тоа го потврди Маурицио Сари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Азар има проблеми со повреда на зглобот, па нема да биде спремен за утрешниот натпревар на „Стенфорд Бриџ“, но Сари верува дека ќе може да настапи во Премиер лигата за викендот.
Тренерот на Челзи исто така додаде дека повреден е и Виктор Мозес.
„Последниот проблем е Мозес, разговарав со докторот и ми кажа дека има проблеми со грбот. Мислам дека нема да биде во состојба да игра утре“.
„Азар не е сериозно повреден. Мислам дека нема да биде во состојба против ПАОК, но ќе биде спремен за Премиер лигата. Загрижен сум поради него и формата бидејќи пред 25 дена имаше проблеми со грбот, а сега го мачи зглобот. Пропушти многу тренинзи и не е во најдобра физичка состојба“, изјави Сари.