Борусија Дортмунд пред два месеци му врачи отказ на тренерот Лусиен Фавр, а денес го потврди тренерот за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, тренерот на Борусија Мехенгладбах, Марко Розе од следната сезона ќе седне на кормилото на Борусија Дортмунд.
Борусија Дортмунд денес потврди дека ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Розе, која изнесува 5 милиони евра.
44-годишниот Германец веќе има комплетен договор со Борусија Дортмунд и ќе седне на кормилото по завршување на сезоната.
Марко Розе веќе втора сезона е на кормилото на Мехенгладбах. Минатата сезона успеа да го пласира тимот во Лигата на шампиони, а оваа сезона веќе избори пласман во осминафиналето.