После оставката на Жосеп Марија Бартомеу, Барселона денес постави негов наследник се до новите претседателски избори.
Привремен претседател на каталонскиот гигант ќе биде Карлос Тускетс.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Тускетс на чело на Барселона ќе биде во следните неколку месеци, се додека не се одржат избори за нов претседател и раководство.
Тускетс е еминентен банкар во Барселона, а во своја сопственсот има уште 56 компании.
Се шпекулираше дека тој ќе биде потенцијален кандидат за претседателските избори, но до сега нема официјална потврда.
Познат е по тоа што често беше против Бартомеу поради високите договори на играчите во однос на буџетот.