Дома Топ вести Потврдено – Ако Ливерпул победи ќе потроши најмногу пари во историјата!

Потврдено – Ако Ливерпул победи ќе потроши најмногу пари во историјата!

Како што пренесуваат англиските медиуми, на Јирген Клоп веќе му било сооштено што би можел да направи во случај на победа на Ливерпул денес против отпишаниот Миделзброу.

Ако Ливерпул денес победи, сигурно ќе заврши четврти и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Враќањето во европската елита ќе значи и најскап преоден рок во историјата на овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, потврдено е дека Јирген Клоп ќе добие огромна сума на пари, во прашање се 120 милиони евра, плус пари кои клубот ќе ги инкасира со продажбата на Даниел Стариџ и Мамду Сако. Јасно е дека Германецот на располагање ќе има голема сума, а она што е сигурно е дека секоја понуда за Кутињо ќе биде одбиена.

Германецот ќе мора да најде голман, потоа штопер, како и нов напаѓач.

Многу имиња се во игра, првата желба е Ван Дајк, но него го сакаат неколку големи европски клубови. Напаѓачот на Лајпцинг, одличниот Тимо Вернер би требало да пристигне на „Енфилд“, како и младата ѕвезда на Фулам Рајан Сесењон.

Но, тоа е само почеток, иако некои мети како М’Бапе или Бакајоко од Монако не се реални.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…