Капитенот на Фиорентина Давиде Астори го загуби животот во сон пред нешто повеќе една година на 31 годишна возраст.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Астори почина во хотелот во Удине, ноќта пред натпреварот помеѓу Фиорентина и Удинезе и тоа беше голема загуба Фиренца, Италија и општо за фудбалот.
Фиорентина сега го објави финансискиот извештај за календарската 2018 година, а на него може да се види дека клубот донирал 1.5 милион евра за семејството на Астори.
На 4-ти март измина точно една година од трагичниот настан, а чест му беше оддадена на сите натпревари во Серија А кои се играа за викендот на 2-ри и 3-ти март.
Натпреварите бае прекинати во 13-тата минута (Астори го носеше бројот 13), а потоа со аплауз се оддаваше почит на поранешниот фудбалер на Фиорентина.
Давиде Астори најголема трага во својата кариера остави играјќи за Каљари и Фиорентина. За Каљари одигра вкупно 179 натпревари, додека за Фиорентина собра 109 натпревари во сите натпреварувања.
За сениорската репрезентација на Италија одигра 14 натпревари и постигна еден гол.