Дома Топ вести Потврда од Барселона: Преговаравме да го доведеме Влаховиќ на позајмица

Потврда од Барселона: Преговаравме да го доведеме Влаховиќ на позајмица

Душан Влаховиќ вчера одигра добар натпревар за Јувентус постигнувајќи го неговиот деби гол во Лигата на шампионите во ремито на „старата дама“ против Виљареал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Србинот му беа доволни само 32 секунди да го постигне првенецот во Лигата на шампионите. Италијанските медиуми го оценија Влаховиќ како најдобар поединец во редовите на Јувентус.

Интересен детал за Влаховиќ откри Рамон Планес, човекот кој до неодамна беше спортски директор во Барселона. Планес потврди дека Барселона пред две години се обидувала да го доведе Влаховиќ.

„Да, точно е. Го следевме Влаховиќ уште пред две години и работевме да го доведеме на позајмица од Фиорентина. Сепак преговорите не беа успешни“, изјави Планес.

Јувентус на Фиорентина за Влаховиќ и плати сума од 65 милиони евра и според стартот кој го има во клубот од Торино Србинот би требало да ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…