Младиот Французин Оусман Дембеле не е во плановите на Роналд Куман, а во исто време го посакува Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради тоа се веруваше дека Барселона ќе го пушти на Олд Трафорд, со оглед на тоа дека не е стартер во Барса и поради кршење на правилата не е во добри односи со Куман.
Играчот беше подготвен да ја напушти Каталонија и да се пресели во Англија, но сега помеѓу него и клубот е постигнат договор да оди во Јунајтед само ако тимот од Олд Трафорд е подготвен да го откупи неговиот договор. Евентуална позајмица не е опција.
Останува уште неколку дена до преодниот рок, но се поизвесно е дека Дембеле ќе остане на Камп Ноу иако и самиот е свесен дека младиот Ансу Фати ќе има предност пред него.