Дома Фудбал Останато Постигнат договор: Нејмар ќе ја заврши кариерата во ПСЖ

Постигнат договор: Нејмар ќе ја заврши кариерата во ПСЖ

Француските медиуми тврдат дека Нејмар постигнал комплетен договор со ПСЖ за продолжување на соработката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако изминатата година Нејмар настојуваше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, работите се променија и тој одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.

После неколкумесечни преговори двете страни постигнаа согласност и наскоро Нејмар ќе стави потпис на договор до 2026 година.

Нејмар пред неколку дена наполни 29 години, па новиот договор значи дека многу веројатно тој ќе ја заврши кариерата во ПСЖ.

Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година и моментално заработува 31 милион евра годишно, а финансиските детали од новиот договор се уште не се познати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Швајцарија вечерва против БиХ без селектор?

Двете репрезентации имаат по еден освоен бод после првото коло, така што победата во овој …