Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Ибрахимовиќ денес става потпис!

Постигнат договор: Ибрахимовиќ денес става потпис!

Милан и Златан Ибрахимовиќ кончено постигнаа договор за продолжување на соработката, тврдат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Росонерите“ сакаа да го задржат искусниот напаѓач уште една сезона на „Сан Сиро“, но не можеа да постигнат договор со неговиот агент.

Милан понуди 5 милиони евра плус 2 милиони во вид на бонуси, додека Ибра бараше годишна плата од 7 милиони евра фиксни.

„Скај Италија“ тврди дека „росонерите“ ја подобриле понудата на 6,5 милиони евра фиксни по сезона и двете страни конечно постигнале договор.

Ибра моментално се наоѓа во Шведска и се очекува денес или најдоцна утре да пристигне во Милано и да стави потпис на договорот, а потоа да им се придружи на соиграчите кои вчера ги започнаа подготовките за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне веднаш втрча на терен по крајот на натпреварот, а потоа Артета го покажа своето вистинско лице (Видео)

Фудбалерите на Арсенал по 20 години се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а кам…