Милан веднаш започна активно на трансфер пазарот и го договори првиот трансфер, голманот Мајк Мањан од Лил.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ постигнале комплетен договор со Оливие Жиру, кој ќе пристигне како слободен играч.
Французинот ќе потпише 2-годишен договор со Милан и годишно ќе заработува 3,5 милиони евра.
Веднаш после финалето во Лигата на шампиони Жиру ќе пристигне на прегледи во Милано и се очекува до понеделник да го комплетира трансферот.
Жиру треба да биде замена за Манџукиќ и алтернатива на Ибрахимовиќ во нападот на Милан.