Дома Топ вести Постигнат ДОГОВОР: Во Мадрид пристигнува нов Бразилец од 45 милиони евра!

Постигнат ДОГОВОР: Во Мадрид пристигнува нов Бразилец од 45 милиони евра!

Политиката на подмладување на тимот продолжува.

После Винисиус за кого платија 45 милиони евра и го оставија во Фламенго уште една сезона, Реал договори нов фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште една млада ѕвезда ќе го носи дресот на „кралевите“. Во прашање е „десетката“ на младинскиот тим на Бразил кој игра на СП, Алан.

Овој фудбалер на Палмеирас е висок само 163 санитимери, многу потсетува на Кутињо и во отсуство на Винисиус е прва ѕвезда на репрезентацијата. Реал беше заинтересиран и за Линколн кого го сака и Барса, но на крајот го доведе Алан.

Според информациите од Бразил и тој ќе биде платен околу 45 милиони евра.

Во Мадрид би требало да пристигне во текот на летото, од каде што би бил проследен во друг клуб на позајмица, а до тогаш ќе игра во Палмеирас.

Ова е само продолжување на подмладувањето на тимот, ќе се врати Одегард, тука се Тео, Себаљос, Асенсио, па тука со некои постари играчи како Иско и евентуално Дибала или Гризман, Реал би можел да состави тим за нова деценија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …