Дома Останати Тенис После сите проблеми: На која позиција ќе ја заврши Ѓоковиќ годината?

После сите проблеми: На која позиција ќе ја заврши Ѓоковиќ годината?

По една тешка сезона со многу забрани, Новак Ѓоковиќ успеа да направи чудо и да обезбеди место меѓу најдобрите осум тенисери на АТП-листата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Ѓоковиќ не му беше дозволено да игра на Австралијан опен и на Ју-Ес Опен, а потоа му забранија да настапи и на Индијан Велс, Мајами, Монтреал и Синсинати, по што не доби ниту еден бод за освојување на титулата на Вимблдон.

Интересно е тоа што без разлика на забраните, тој може да заврши во топ-5 ако оствари добри резултати на Мастерсот во Париз (каде што стигна до полуфинале) и на завршниот Мастерс во Торино.

Ѓоковиќ имаше можност да игра на девет турнири оваа година, при што стигна до четвртфинале во Дубаи, второ коло во Монте Карло, финале во Белград, полуфинале во Мадрид, титула во Рим, четвртфинале на Ролан Гарос, титула на Вимблдон, титули во Тел Авив и Астана, како и полуфинале во Париз (има можност да стигне и до трофејот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи…