Дома Фудбал Репрезентации После Германија, Аргентина и Франција го завршија настапот на фудбалскиот турнир на ОИ

После Германија, Аргентина и Франција го завршија настапот на фудбалскиот турнир на ОИ

Oткако Германија се соочи со елиминација, фудбалскиот турнир на ОИ во Токио го завршија Аргентина и Франција.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Франција доживеа вистински дебакл од Јапонија 0:4, додека Мексико со победата од 3:0 го обезбеди пласманот во наокаут фазата.

Аргентина не изгуби и одигра 1:1 со Шпанија, меѓутоа отпаднаа поради победата на Египет против Австралија со 2:0. „Фараоните“ имаа полош меѓусебен дуел, но продолжуваат понатаму поради подобрата гол разлика.

„Гаучосите“ беа елиминирани најмногу поради поразот од Австралија со 2:0, па така олимписките шампиони од 2004 и 2008 нема да се борат за медал во Токио.

Во четвртфиналето во недела ќе се сретнат: Шпанија – Брегот на Слоновата Коска, Јапонија – Нов Зеланд, Бразил – Египет и Јужна Кореја – Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барди со гол го однесе Коњаспор во финалето на Купот на Турција (ВИДЕО)

Коњаспор се пласира во финалето на Купот на Турција, откако го победи Бешикташ со 1-0, а г…