Дома Останати Кошарка НБА Портланд го победи Бруклин и дојде на еден триумф од плеј-офот ?

Портланд го победи Бруклин и дојде на еден триумф од плеј-офот ?

Кошаркарите на Портланд рано утрово ги победија Бруклин Нетс со 134:133 во важен натпревар за нив.

Портланд на овој начин го обезбеди „плеј-ин“ дуелот со Мемфис кој ќе се игра во сабота. Во случај на победа Портланд ќе оди на Лејкерси во првата рунда од плеј-офот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кога во прашање е самиот натпревар Портланд водеше се до средината на третата четвртина. Тогаш Нетси преминаа во водство и брзо дојде до плус 10. Блејзерси се врати во последната четвртина и во самиот финиш успеаа да отидат на плус четири. Целиот нивни труд ќе беше залуден ако кошаркарот на Нетси Леверт во последните секунди го погодеше шутот, но топката заврши во обрачот и се врати во полето па Портланд дојде до победа.

Најефикасен беше Демијан Лилард со 42 поени и 12 асистенции, додека зад него беше Меколум со 25 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…