Дома Останати Ракомет Поранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев се врати во Русија

Поранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев се врати во Русија

Поранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев пронајде нов клуб откако си замина од Веспрем ова лето.

Руското крило следната сезона ќе ја помине во дресот на Чеховски Медведи. За Шишкарев ова е враќање во овој клуб затоа што во 2014 година токму од „мечките“ од Чехов премина во Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мојот договор со Веспрем во взаемен договор беше раскинат. Добив понуда од Чеховски Медведи и ја прифатив. Тимот ми е добро познат, има голема традиција и ќе играме во Европската лига на ЕХФ. За мене ќе биде и добро искуство работењето со Владимир Максимов“, изјави Шишкарев.

Шишкарев во Вардар се задржа шест години и два пати успеа да дојде до трофејот во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…