Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон зборуваше за потенцијалните засилувања на Реал Мадрид во летото кое следи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во медиумите на големо се пишува дека Реал Мадрид ова лето ќе потроши 500 милиони евра на засилувања. Едни од фудбалерите кои се поврзуваат со Реал Нејмар и Пол Погба.
Поранешниот прв човек на Реал, Калдерон смета дека Нејмар не би се снашол помеѓу „кралевите“, но затоа има добро мислење за Погба.
„Нејмар е навистина голем играч, но јас не го гледам во Реал Мадрид. Неговото однесување не ми е препорака дека ќе се снајде во Реал. Погба? Можеби. Тој е играч за кој Зидан јавно кажа дека му се допаѓа“, изјави Калдерон, кој потоа изрази и сомневање за финансиите.
„Можеби постои проблем со парите. Претседателот се одлучи да ивестира неверојатни суми во новиот стадион“.
Погба и Нејмар засега не се блиску до Реал, но затоа фудбалската јавност очекува наскоро Азар и официјално да биде претставен како фудбалер на „кралевите“.