Дома Фудбал Поранешниот претседател на Реал застана на страна Барселона

Поранешниот претседател на Реал застана на страна Барселона

Реал Мадрид застана против Барселона во случајот „Негреира“ со наводна корупција, иако се големи ривали за многумина е изненадување што Реал јавно оди против Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата шпански гиганти беа на иста страна со идејата за Суперлигата, а во случај да дојде до исфрлање на Барселона од Ла Лига што се споменува како опција, би немало „Ел Класико“, а тоа ќе значи и помалку пари од ТВ правата.

Сепак, сега на страна на Барселона застана 71-годишниот Калдерон кој беше претседател на Барселона во период од 2006 до 2009 година, претходно пет години работеше како директор.

„Немам чувство дека ние бевме оштетени во корист на Барселона во тој период. Дури бевме и шампиони во Ла Лига на одличен начин. Треба да ја почитува песумпцијата на невиност и мојата претпоставка е дека ништо лошо не направиле. Да оставиме секој мирно да си ја работи својата работа“, изјави Калдерон.

Ќе потсетиме, Калдерон беше најзаслужниот што Реал Мадрид го доведе Кристијано Роналдо во 2008 гоидина кој за тогаш светски рекорд премина од Јунајтед во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави интересна теорија: Дали на Гана ѝ одговара пораз од Хрватска?

Во пресрет на последното коло од групната фаза на Светското првенство се појави интересна …