Дома Фудбал Поранешен англиски репрезентативец: Учинокот на Клоп во Ливерпул не е толку добар

Поранешен англиски репрезентативец: Учинокот на Клоп во Ливерпул не е толку добар

Јирген Клоп пристигна во Ливерпул во 2015 година, а ќе замине на крајот од сезоната. За време на неговиот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја првата титула во Премиер лигата во 2020 година, односно прва во англискиот шампионат од 1990 година, а во 2019 година и трофејот во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул таа година го освои најсилното европско клупско натпреварување за прв пат по 2004. За поранешниот англиски репрезентативец Дени Милс сето тоа е премалку.

Милс смета дека Клоп „не бил толку добар“, дека требало подобро. „Тој освои една Премиер лига за девет години“, рече Милс.

„И Ливерпул инвестираше големи суми, а имаше среќа да продаде играчи за многу пари. Погледнете го Кутињо, тој беше продаден за 140 милиони евра, а не играше во Барселона. Ливерпул потроши пари, платите на неговите играчи се неверојатно високи. Клоп беше добар, но не како Гвардиола. Па, тој освои само една Премиер лига“, изјави Милс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Американците баш се посрамотија пред Мундијалот – направија „каша-попара“ од составот на Англија! (Фото)

Навивачите од Англија кои се најдоа на Флорида пред синоќешната пријателска средба против …