Дома Фудбал Италија Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Кристијано Роналдо минатата година пристигна во Јувентус и од тогаш многу работи се променија во Торино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се промени и ставот на останатите играчи спрема платата која ја добиваат од Старата дама.

Калчомеркато пишува дека барањата од играчите на Јувентус околу примањата се зголемиле од доаѓањето на Роналдо, а јасен показател за таквата ситуација е случајот со Бонучи.

Искусниот дефанзивец потпиша нов договор со Јувентус, со кој му се гарантираа драстично поголеми примања.

Така, 32-годишниот дефанзивец наместо 5,5 ќе заработува 7,5 милиони по сезона.

Се очекува наскоро по неговите стапки да тргнат и уште неколку играчи на Јуве.

Инаку, Кристијано Роналдо од Јувентус годишно добива повеќе од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер е многу блиску до дефанзивецот на Удинезе

Од Интер се многу блиску до потпишување на централниот дефанзивец на Удинезе Умар Соле, пр…