На фудбалерот на Баерн, Алфонсо Дејвис неодамна му беа откриени срцеви проблеми, а сега за неговиот случај зборуваше кардиологот од Минхен, Флоријан Штраубе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според неговите зборови, Баерн без Дејвис ќе биде најмалку три месеци.
„Ако миокардисот е привремено поврзан со акутна коронарна инфекција најверојатно ќе биде потребно пауза од најмалку три месеци. Ако има мало подобрување со лесни тренинзи може да започна еден месец порано. Важно е постепено да влегува во форма после ваква пауза“, изјави Штраубе.




Ќе потсетиме, Дејвис прво беше заразен со коронавирусот, а потоа му се појавија овие проблеми. Неговото отсуство сигурно ќе биде проблем затоа што Баерн го чекаат тешки битки во Лигата на шампионите, но и Бундеслигата.