Денеска на скопските улици неколку илјади маратонци трчаа на 15-то издание на најмасовната спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон 2019.
Победник на Виз Ер Скопскиот маратон 2019 е Чалаче Асмама Тируне од Етиопија кој прв пристигна на целта и 42 километарската траса ја истрча со време од 2:15.37 часа, оставајќи ги зад себе Вилфред Кипчирчир Корир од Кенија и третиот Гетаје Фисеха Гело од Етиопија.
Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓
Кај македонските атлетчари најдобар беше Александар Кираџиев со време од 2:37:41, а зад него беше Александар Андоновиќ.
Во женска конкуренција најдобра беше Енис Мучири од Кенија, а зад неа завршија сонародничките Тануи и Лимамуреи.
Кај нашите атлетичарки најдобра беше Адријана Поп Арсова, која постави нов државен рекорд со време од 2:52:52 и го освои седмото место.