Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо би можел во летниот преоден рок да го напушти Олд Трафорд.
Според информациите кои доаѓаат од Франција, Рохо добил понуда од ПСЖ и постои голема можност да ги засили редовите на великанот од Париз.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Аргентинскиот дефанзивец има уште 14 месеци договор со Јунајтед. Сепак, како што стојат работите тој ги брои последните месеци на Олд Трафорд и Манчестер ќе го замени со Париз.
Рохо во април минатата година доживеа тешка повреда која го оддалечи од теренот неколку месеци. Тоа на крајот доста влијаеше на неговата игра и оваа сезона настапи на само 10 натпревари.