Помина уште еден хуманитарен тикет на MOZZART. И за време на Светското првенство во Катар продолжи MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба. Овој пат добитен тикет состави Марко Алчевски, голман на македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Доскорешниот младински репрезентативец на Македонија одбра пет парови, сите од Светското првенство во Катар, а последен тип на неговиот тикет беше двојна шанса на Хрватска, па така со погодокот на Перишиќ во вториот дел со Јапонија – успешно заврши уште една хуманитарна кампања на МОZZART.
„Благодарност до MOZZART за можноста да учествувам во оваа хуманитарна кампања и со мојот добитен тикет да придонесам кон хуманитарните акции кои ги организираат како општествено одговорна компанија. Навистина се израдував кога видов дека мојот тикет помина и дека ги погодив сите парови, се надевам дека добивката ќе помогне“, изјави Алчевски.
Во акцијата Хуманитарен тикет учествуваа многу познати спортисти и јавни личности, меѓу кои: капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, најдобриот македонски возач Игор Стефановски Иџе, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски и многу други.
Голманот Марко Алчевски освоената добивка од 103.214 денари ја донира во Домот за доенчиња и мали деца во Битола! Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд досега се собрани над 450.000 денари кои компанијата MOZZART ги донира во добротворни цели низ неколку установи во Република Македонија.