Дома Фудбал Лига на шампиони ПОЛУВРЕМЕ: Ливерпул дава голови на двете страни! (видео)

ПОЛУВРЕМЕ: Ливерпул дава голови на двете страни! (видео)

Ливерпул после првото полувреме има предност од 2:1 на „Олимпико“ против Рома и е на чекор до пласман во финалето.

Во првите пет минута Рома започна фуриозно, но после една грешка на средината на теренот следеше фуриозна контра на „црвените“ која заврши со гол на Мане.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само неколку минути подоцна Рома среќно го израмни резултатот. Ел Шарави го бараше Џеко во шеснаесетникот, но топката после еден карамбол од Милнер заврши во голот на „црвените“.

Сепак, кратко траеше радоста на „волчицата“ бидејќи после еден корнер во 26-та минута Џеко му ја сервираше топката на Вајналдум кој погоди за 2:1.

До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни, а најздрелата беше за домаќините во 36-та минута кога Ел Шарави ја погоди стативата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…