Дома Фудбал Италија Полицијата го чува Влаховиќ од бесните фанови

Полицијата го чува Влаховиќ од бесните фанови

Полицијата во Фиренца презеде соодветни мерки поради заканите на адреса на Душан Влаховиќ од страна на фановите, пренесува „Република“.

Влаховиќ е на чекор од трансфер во Јувентус, а поради тоа навивачите на Фиорентина се бесни. Бесот фановите го покажаа со два транспаренти поставени пред „Артемио Франки“.

„Твоите чувари нема да ти го спасат животот. Цигане, твојот живот е готов“, пишуваше на транспарентот.

Поради ваквата јасна закана за живот мораше да реагира и полицијата, која презеде мерки за безбедноста на напаѓачот.

Полицијата ја чува куќата на Влаховиќ, кој се очекува утре да замине за Торино на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…