Дома Трансфер зона Покетино: Разговарав со Бартомеу, но никогаш нема да бидам тренер на Барса!

Покетино: Разговарав со Бартомеу, но никогаш нема да бидам тренер на Барса!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино често се поврзува со клупата на Барселона и се споменува како наследник на Луис Енрике, па сега и јавно проговори за тоа.

Имено, Покетино потврди дека имал средба со претседателот на Катлаонците, Хосеп Мариа Бартомеу, но тврди дека никогаш не би седнаш на кормилото на Барселона.

„Точно е дека разговарав со Хосеп Мариа Бартомеу, но средбата беше случајна. Го познавам долго време, уште пред да стане претседател на Барселона, децата ни одеа во исто училиште. Се сретнавме случјано во бар во Барселона, разговаравме пет минути, имаше многу луѓе околу нас и набрзо медиумите од тоа направија сензација“, објасни Покетино.

Потоа Аргентинецот јасно стави до знаење дека никогаш нема да работи на „Камп Ноу“ и објасно зошто.

„Во фудбалот знам дека е тешко да ги задржите вредностите и да бидете лојален, но за мене лојалноста е најважна. Јас сум фан на Еспањол и затоа невозможно е да завршам на Камп Ноу. Еден ден, кога ќе го напуштам Тотенхем, и ако ми се укаже прилика да работам во Арсенал, одговорот ќе биде ист”, заклучи покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓ…