Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Потребно е време за Мбапе, Меси и Нејмар да почнат да функционираат

Покетино: Потребно е време за Мбапе, Меси и Нејмар да почнат да функционираат

Новата сезона во Лигата на шампионите ПСЖ ја отвори со изненадувачко реми против Клуб Бриж.

Ремито посебно изненадува затоа што од првата минута вчера на теренот истрчаа Мбапе, Нејмар и Меси, веројатно најдобриот напад на некој тим в овој момент. Покетино смета дека е потребно време да тие да почнат да функционираат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Треба време за да се сфатат меѓусебно. Мора да научат како се движат пред да почнат да изгледаат добро на теренот. Задоволен од Меси и неговата желба која ја покажа, како и односот на теренот. Не се согласувам дека бевме издоминирани, ние го имавме поседот, но во одредени фази противникот беше подобар“.

На почетокот на второто полувреме Килијан Мбапе беше заменет.

„Мбапе го заменив затоа што го свитка зглобот. По прегледите ќе знаеме во кваква состојба е“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…