Дома Фудбал Останато Покетино: Му кажав на Мурињо дека ќе го наследам во Мадрид, а видете што се случи потоа – неверојатно!

Покетино: Му кажав на Мурињо дека ќе го наследам во Мадрид, а видете што се случи потоа – неверојатно!

Maрисио Покетино не ја крие желбата еден ден да биде тренер на Реал Мадрид.

Аргентинскиот стратег тоа му го кажал и на Жозе Мурињо додека Португалецот ги предводел „кралевите“. Ова Покетинот самиот го призна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во една прилика се видовме со Мурињо во Мадрид и тогаш му кажав: Еден ден ќе бидам на твојата позација во Реал. Но видете како животот носи неочекувани работи. Место јас да го наследам него, тој го зема моето место во Тотенхем. Неверојатно“, изјави Покетино.

Следниот клуб Покетино ќе го избере внимателно, потенцираше дека поважен е проектот кој ќе му биде понуден отколку од која држава доаѓа клубот.

„Искрено поважно ми е каков ќе биде проектот на клубот отколку од која држава доаѓа тој. За мене Премиер лигата уште е најдобрата во светот и би сакал пак да работам таму, меѓутоа не ја исклучувам можноста да работам и во друга земја. Засега сум во Лондон со моето семејство, ќе  ми биде тешко ако во прашање е друга земја, но не ја исклучувам таа можност“, објасни Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …