Дома Фудбал Покетино: Мбапе не го смисли проектот на ПСЖ во кој немаше место за мене

Покетино: Мбапе не го смисли проектот на ПСЖ во кој немаше место за мене

Поранешниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино истакна дека Килијан Мбапе не бил тој кој барал негово заминување.

Медиумите шпекулираа дека одличниот напаѓач кој неодамна го продолжи договорот со ПСЖ бил иницијатор Аргентинецот да ја напушти клупата на шампионот на Франција.

Меѓутоа Покетино тие информации ги демантираше и порача дека одлуката за негово заминување е само одлука на челниците на клубот.

„ПСЖ направи се за да го задржи Мбапе и јас секако се согласував со таквата одлука. Станува збор за еден од најдобрите играчи во светот. Меѓутоа, тој не го смисли новиот проект во кој немаше место за мене. Одлуката ја донесоа тие кои го водат клубот, а не Мбапе“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…