Дома Фудбал Покетино: Мбапе најверојатно ќе игра утре

Покетино: Мбапе најверојатно ќе игра утре

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се повреди на еден од тренинзите на францускиот тим.

Во ПСЖ постоеше страв дека најдобриот стрелец ќе го пропушти реваншот во осминафиналето, но тренерот Маурусио Покетино вечерва соопшти дека Мбапе најверојатно ќе го започне утрешниот натпревар.

Мбапе со остатокот од тимот од Париз допатува во Мадрид и вечерва нормално тренираше, па како што стојат работите утре ќе истрча на терен. Ќе потсетиме Мбапе во првиот натпревар со својот гол во финишот обезбеди победа за „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…