Дома Фудбал Англија Покетино во голема дилема: ПСЖ подготви 120 милиони за ѕвездата на Тотенхем!?

Покетино во голема дилема: ПСЖ подготви 120 милиони за ѕвездата на Тотенхем!?

psg

Англиски „Дејли Експрес“ пишува дека ПСЖ подготвиле понуда од 120 милиони за играчот за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Ова не е првпат да се споменуваат Парижаните и нивниот интерес за Данецот, но се верува дека Томас Тухел е голем фан на Ериксен и посакал да го види на „Паркот на принцовите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, проблем претставува и тоа што Тотенхем нема вистинска алтернатива за одличниот плејмејкер, а преодниот рок на Островот заврши, па не можат да најдат замена за него.

Ериксен уште го нема продолжено договорот со екипата од Лондон, а тренерот Маурицио Покетино јасно кажа дека не смее да продава играчи до јануари.

Сепак, за тоа ќе одлучи сопственикот на Тотенхем, кој би можел на крајот да ја прифати понудата на екипата од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…