Дома Фудбал Лига на шампиони Познато по колку билети ќе добијат Тотенхем и Ливерпул за финалето

Познато по колку билети ќе добијат Тотенхем и Ливерпул за финалето

Ливерпул и Тотенхем ќе имаат на располагање по 16.613 билети за финалето од Лигата на шампиони, кое на 1-ви јуни ќе се игра во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Новиот стадион на Атлетико е со капацитет од 68.000 гледачи, но политиката на УЕФА е таква па помалку од половината билети ќе бидат наменети за фановите на Тотенхем и Ливерпул.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Англиските фанови се со голем ентузијазам, па и во двата клуба пристигнале барања за билети за слободно да можат да го наполнат целиот стадион. Тоа значи дека цените на билетите на „црно“ ќе достигнат астрономски суми.

Фановите на Ливерпул покажаа дека воопшто не се грижат за тоа колку билети ќе имаат на располагање, па минатата година во финалето во Киев 2/3 од стадионот беше во „црвено“.

Од УЕФА веќе продале 4.000 билети преку онлајн платформата, како и секоја година уште пред да се знае кој ќе игра во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми отказ за Тен Хаг

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…