Дома Фудбал Италија Познато кој е фаворит за потписот на Зидан

Познато кој е фаворит за потписот на Зидан

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и сака да го донесе во Торино.

Челните луѓе на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од работата на актуелниот тренер, Андреа Пирло, додека шпанските медиуми се убедени дека францускиот стручњак ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од актуелната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Весникот „АС“ пренесува дека Јувентус и француската репрезентација чекаат разврска во Мадрид, бидејќи сакаат да го ангажираат Зидан.

Доколку Зидан одлучи да замина на лето, ќе има две опции каде да ја продолжи кариерата. „АС“ тврди дека сепак е поблиску до Јувентус, бидејќи смета дека е рано за кормилото на репрезентацијата.

Зидан е во одлични односи со „старата дама“ и во постојан контакт со својот пријател Павел Недевед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…