Дома Фудбал Италија Познато колку ќе паузира Дибала

Познато колку ќе паузира Дибала

Повредата на Пауло Дибала не е од сериозна природа, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот го повреди коленото на вчерашната победа на Рома на гостувањето кај Каљари (4:1), а денешните прегледи покажаа дека лигаментите не се оштетени, што е добра вест за тренерот Жозе Мурињо.

Се очекува Дибала да паузира околу 20 дена, како и да му биде на располагање на Португалецот за последниот меч овој месец, против Интер на „Џузепе Меаца“, на 29 октомври.

Дибала поради повредата нема да патува на собирот на аргентинската репрезентација, ќе ги прескокне натпреварите во јужноамериканските квалификации за СП против Парагвај и Перу, а ќе го пропушти и дуелот на Рома со Монца, кој ќе биде одигра на 21 октомври на „Олимпик“ во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар за постапката на ФФМ: Не можеме да бидеме казнети за приватна прослава!

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека е поведена постапка против Вардар поради…