Словачкиот фудбалер Марек Хамшик поради повреда ќе го пропути следниот натпревар за својот Наполи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, Хамшик се повреди пред два дена на натпреварот против Интер и мораше предвреме да го напушти теренот.
Очигледно дека не е во прашање тешка повреда, па италијанските медиуми пренесуваат дека ќе го пропушти само натпреварот против Болоња.
Инаку, Наполи го загуби овој натпревар со 1:0 откако прими гол во судиското продолжение. Хамшик во текот на сезоната настапи на 12 натпревари во Серија А, но се уште нема запишано гол или асистенција.