Флојд Мејведер се враќа во рингот и негов противник ќе биде јапонскиот кик-боскер Теншин Насукава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„The Money“ со месеци најавуваше ново враќање во рингот, но никој не очекуваше да се бори во РИЗИН организацијата според ММА правила и тоа против 21 годишниот кик-боксер кој е супер ѕвезда во Јапонија.
На крајот борбата беше договорена, а легендарниот боксер повторно на сметката ќе добие огромна сума – 88 милиони долари.
Од РИЗИН Флојд ќе добие 62 милиони долари, додека преостанатите 26 милиони долари ќе ги добие од ТВ правата.
Оваа сума секако е голема, но е многу помала од она што доби од борбата со Конор Мекгрегор кога инкасираше 275 милиони долари.