Дома Фудбал Познато колку Арсенал ќе му плати на Обамејанг за раскинувањето на договорот

Познато колку Арсенал ќе му плати на Обамејанг за раскинувањето на договорот

Aрсенал и Пјер-Емерик Обамејанг го раскинаа договорот во последниот ден од преодниот рок.

Арсенал предвреме го раскина договорот со 32-годишниот напаѓач кој како слободен играч ќе потпише договор со Барселона. Сега медиумите на Островот објавија колку Арсенал ќе му плати на Габонецот за раскинувањето на договорот.

Според информациите од Англија, Обамејанг добил осум милиони евра да го раскине договорот 18 месеци порано. Тренерот на топџиите Микел Артета го отпиша Обамејанг во декември поради кршење на клупската дисциплина и неговото заминување беше логичен потег.

Последниот натпревар за Арсенал Обамејанг го одигра на 6-ти декември. Во лондонскиот клуб Обамејанг заработуваше 350.000 фунти неделно, а нема сомневање дека тој износ во Барселона ќе биде многу помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем подготвува 130 милиони евра за Алварез од Атлетико

Тотенхем е подготвен да понуди 130 милиони евра за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Џулијан А…